
Менито се изготвува на месечно ниво и е прилагодено за децата од оваа возраст. Се состои од два оброка и две ужинки. Во градинката, секојдневно се послужуваат готвени јадења. Поседуваме и чајна кујна за приготвување на ужинки опремена по стандарди пропишани од МТСП кои гарантираат здрава и редовна исхрана за децата. Менито ги составуваат проверени нутриционисти, а оброците во себе содржат неопходни состојки Вашето дете да се храни здраво и правилно да се развива. Тие се составуваат сезонски, а продуктите се набавуваат од реномирани произведувачи кои работат според ХАСАП системот. Културата на конзумирање на храната, децата ја стекнуваат во убаво уредена трпезарија, со користење на прибор за јадење произведен од инокс. Квалитетот на храната и хигиената на просториите, приборот и персоналот редовно се контролираат од надлежните служби.
Средствата за хигиена кои се користат за одржување на истата се од реномирани производители произведени на природна база, наменети за одржување на хигиена во болнички услови. Со тоа се постигнува највисоко ниво на чистота која е еден од основните услови за здраво дете.
