
Нашата мисија - Квалитетна грижа на деца од рана возраст во професионална работна средина во која интересот на децата е главна грижа, бидејќи едукацијата на децата е инвестиција за иднината, долгорочен процес, како за децата, за нас како родители но и за општеството во целина.
Запишувањето во градинка е голем чекор за Вашето дете и семејството воопшто. Самото искуство на запишување во градинка на член од семејството носи одредена возбуда, но исто така значи голема промена за Вас и Вашето дете. Ние сме тука за да ви помогнеме Вас и на Вашето дете да создадеме силна основа за добар почеток!
Секое дете од самото раѓање почнува да го оформува својот карактер. Затоа не постојат правила според кои ние како родители или воспитувачи треба да се придржуваме за да го постигнеме најдобриот резултат во растот и развојот на нашите деца на секој план. Секое дете е личност сама за себе, поради тоа најбитен е индивидуалниот пристап кон секое дете поединечно. Вие како родители можете да имате доверба дека Вашето дете добива најдобра грижа и едукација. Нашата посветеност на квалитетот е универзална. Ние веруваме дека секое дете треба да доживее совршенство секој ден.
